Возбудливо Ел Класико во САД (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


По втор пат во историјата е одигран пријателски натпревар помеѓу најголемите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона.

Пријателското Ел Класико се одигра во Мајами, а избраниците на Ернесто Валверде овој пат го совладаа актуелниот првак на Шпанија и Европа.

Барселона поведе уште во третата минута преку Лионел Меси, а само четири минути подоцна Иван Ракитиќ зголеми на 2:0.

Реал Мадрид израмни од нивната прва шанса. Се играше 14. минута кога Ковачиќ од работ на шеснаесетникот намали на 2:1. „Кралевите“ во 36 минута го изедначија резултатот преку Марко Асенсио кој излезе сам пред Силесен и не му беше тешко совлада.

Конечниот резултат го постави Џерард Пике во 55 минута погоди за 3:2 откако беше одлично проигран од Нејмар.

Со победата Барселона ја обезбеди титулата на Меѓународниот Интернационален турнир што се игра во САД.