Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Повремениот младински македонски репрезентативец,Дориан Бабунски стави потпис на шестмесечен договор со тимот на Кагошима Јунајтед.
Помладиот Бабункси го следи својот брат кој веќе седум месеци е член на јапонскиот клуб Јокохама.
Кагоишма Јунајтед е клуб формиран пред три години, а се натпреварува во третата по ранг лига во Јапонија.
„Благодарен сум за топлото добредојде од луѓето од Кагошима. Со нетрпение очекувам да заиграм пред фановите на клубот. Се гледаме на следниот натпревар против Нагано Парсеиро.“- беа првите зборови на Дориан по потпишувањето на договорот.
Бабунски во Кагошима ќе го носи дресот со број 30, а со клубот од Јапонија потпиша договор до 31 декември, 2017.