Поранешен играч на Јунајтед мета на Сити

Како што пишува „Скај Спортс“ од таборот на Манчестер Сити се сериозно заинтересирани за играчот на Вест Бромвич, Џони Еванс.

Медиумот дознава дека интернационалецот од Северна Ирска е на мета на Сити неколку недели, и дека веќе една понуда е испратена до таборот на ВБА. Сепак истата била  одбиена, и се очекува „Граѓаните“ да испратат нова, подобрена во следниот период.

Интересен е фактот што Џони Еванс долги години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, а потекнува од познатата школа на „Ѓаволите“. Доколку ваквиот трансфер се оствари сигурно ќе ја разбранува јавноста на Островот.