Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола во неочекуван проблем.
Се очекуваше Гвардиола на Итихад со себе да однесе некоја трансфер бомба. Од познатите имиња стигнаа повредените Гундоган и Нолито, а се чека младиот Сане, но тоа не се засилувања кои ќе го здрмаат светот. А се чини дека го добивме одговорот зошто е тоа така?
Знаете се разбира, не беше одамна дека Манчестер Сити од 2008-ма година може да смета на милионските арапски шеици. Сега граѓаните имаат седум фудбалери кои не сакаат да си заминат бидејќи влегуваат во последната година од договорот. Тоа ќе значи дека од следното лето од Сити ќе ги наплатат бонусите за верност бидејќи останаа во клубот до крајот на договорните обврски.
Во таква ситуација сега така се: Јаја Туре, Фернандињо, Пабло Забалета, Гаел Клиши, Хесус Навас, Бакари Сања и Вили Кабаљеро.
Англиските клубови не смеат помеѓу 25-те лиценцирани за ПЛ да имаат повеќе од 17 странци постари од 21 година. За нашите услови тоа е премногу, но кога ќе ги одземеш овие седум, а Гвардиола на многу не смета кој ќе остане да игра? Моментално Сити ги има 18 што значи дека еден е вишок.
Гвардиола ќе направи свој тим, но без приходи од продажба на фудбалери и шеиците нема да му дадат да троши милиони. Тие секако дека ќе ги исплаќаат големите плати. Затоа Јаја Туре го одби повикот од Роберто Манчини да оди во Интер, па и понудата од Кина, затоа Забалета не сака во Рома, Навас во Севиља… Таму платите се мали.
Островските медиуми соопштија дека раководството на клубот е спремно да чека понуди за Елаквим Мангала, Александар Коларов и Вилфрид Бони. Од оние кои играа кај Мануел Пелегрини заминаа само Демикелис и третиот голман, Ричард Рајт.