Пристигнаа тренерите за фудбалската школа на Барселона во Охрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерите кои ќе ги водат часовите во рамки на Школата за фудбал на Барселона која ќе се одржува во Охрид од вчера пристигнаа во градов. Тие денес ги разгледаа терените на СРЦ „Билјанини извори“ на кои ќе се одвиваат тренинзите од школата, а попладнево одржаа и координативен состанок.

Школата за фудбал на Барселона во Охрид почнува утре, а младите фудбалери ќе имаат по два тренинзи на ден.

Школата покрај со фудбалери од Охрид, има деца и од други градови кои седум дена ќе престојуваат во Охрид.