Јувентус и со вториот состав ќе биде конкурент за освојување на титулата во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како Јувентус после аферата Калчополи повторно е европска велесила?

Јувентус ова лето го сфати како пат кон доминацијата не само во домашното првенство каде имаат пет титули по ред туку и на европската сцена.

Како најактивен клуб во досегашниот преоден рок, Јувентус со доведувањата на Игуаин и Пјаниќ испрати две пораки: доволно сме финансиски моќни на пазарот и нема само да го доведиме најдоброто што ни се нуди на пазарот туку директно ќе влијаеме на конкуренцијата. Рома и Наполи како единствени можни конкуренти беа присилени да ги продадат едни од најдобрите фудбалери во Серија А кои (уште) не стигнале во Јувентус. Такво нешто одамна правеше ПСЖ во Франција, а потоа и Баерн во Германија.

Калчополито на Јувентус, скандалот во кој клубот во 2006-та година го исфрли италијанскиот клуб во втората лига остави длабок траг на клупската филозофија. Помина многу време гледајќи ги ривалите во грб, дури и по враќањето во првата лига бјанконерите мораа да гледаат како од година во година најдобрите фудбалери си заминуваат, а потенцијалните аквизации од друга страна ги избегнуваа плашејќи се за неизвесната иднина на Јувентус како и дека клубот на игра во ЛШ.

 

Тогаш во клубот црвсто одлучија да направат проект за враќање на довербата и сјајот на италијанскиот клуб. Трофеите се и уште ќе бидат приоритети, но овде клучот беше вопспоставување на долгорочните етабилираности на клубот и враќање на најголемата сцена, онаа европската.

Со купувањето на Игуаин се заштитија од било какви последици од евентуалното заминување на Пол Погба во Манчестер Јунајтед. На крајот тие не треба да го продаваат Погба. Сега имаат два состави од кои едната е многу конкурентна во Европа, а другиот без разлика на се би бил фаворит за освојување на Серија А. Не верувате? Еве, погледнете.

 

На голманската позиција е Џанлуиџи Буфон кој уште е незаменлива личност, како и дефанзивското трио пред него. Бонучи – Киелини – Барзаљи кои не се осовина која овозможува Јуве да игра како Италија со тројка назад, туку и основа на имиџот на Јуве како La Fidanzate d’Italia каде е најдоброто од она што Италија може да го понуди. Како ротација го имате Ругани, еден од најдобрите дефанзивци на Апенините и новиот од Баерн Минхен, Мехди Бенатија. Комбинацијата на дефанзивна стабилност и технички сигурност со топката во нозете е клучна комбинација за игра со тројца во последниот ред. Што се однесува до бековите, за широко и високи поставени се Евра и Дани Алвеш кои како искусни имаат уште нешто да кажат. Како замена го имате капитенот на Швајцарија, Стефан Лихштајнер десно и Алекс Сандро, големата желба на Гвардиола лево.

 

Во средниот ред триото Погба – Маркизио – Кедира, но поради проблемите кои ги мачат последните двајца внесувањето на Пјаниќ како одличен длабоко поставен плејмејкер и Бенатија како потенцијална замена за Кедира на позицијата коректор, Јувентус ќе добие дополнителна ширина. Зависно од формацијата, дали Алегри ќе се одлучи за 3-5-2 или 4-3-1-2/4-3-3 се отвара простор за крилните фудбалери каде заминувањето на Квадрадо ќе го пополни Пјаца. Марко ќе се обиде да игра на природната позиција лев крилен напаѓач во состав со четири фудбалери зад него или ќе биде напаѓач кој шири простор за најистурениот фудбалер кој таму ќе биде Игуаин. Хрватскиот репрезентативец ќе има голема конкуренција, Паоло Дибала. Ако земете во  предвид дека во нападот е и Манџукиќ тогаш ќе сфатите за каков тим се работи.