Партизан го потпишаа Вилијамс-Гос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Американскиот плејмејкер потпиша двегодишен договор со тимот на Партизан од Белград.

 

22-годишниот плејмејкер Најџел Вилијамс Гос доаѓа од Универзитетот Гонзага, каде минатата сезона имаше учинок од 16.8 поени, 6 скока и 4.7 асистенции по натпревар.

Тој беше одбран како 55-ти пик на драфтот оваа година од тимот на Јута Џез, но тие решија да го остават да потпише двегодишен договор со Партизан и да остане на “калење” во Европа.

 

Вилијамс-Гос беше дел од шампионскиот состав на САД на СП за играчи под 19 години во 2013 година.