Мбапе: Арсенал беше реална опција


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Новиот играч на ПСЖ, Килијан Мбапе истакна дека трансфер во Арсенал бил реална опција пред да се реализира неговиот премин во ПСЖ.

„Се сретнав со Арсен Венгер кој е фантастичен тренер. Тој има голема репутација овде во Франција, тој е многу почитуван и знае како да работи со млади играчи. Трансфер во Арсенал беше реална опција за мене, но секако, ПСЖ беше примарна опција“ –коментираше Мбапе.

Младиот играч потоа истакна дека ги разгледале сите опции и дека се одлучил за ПСЖ затоа што смета дека тоа ќе биде најдобро за него на долгорочен план.