Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раководството на Челзи, наредило да се тргне автомобилот на Диего Коста од возниот парк и да биде преместен кај тренинг центарот за младинци.
Несогласувањето помеѓу Диего Коста и неговиот клуб Челзи, продолжува. Конте пред почетокот на сезоната му рече дека тој не е во неговите планови и дека може да си бара нов клуб, шпанецот на тоа врати со нетренирање, а откако деновиве се врати во Лондон, му беше отстранет неговиот автомобил од возниот парк.
Информациите од англија говорат дека Диего Коста се вратил во Лондон, само за да ги договори личните услови со Атлетико Мадрид, кој што треба да го ангажира играчот во Јануари.
Поголемиот дел од летото, КОста го помина во својот роден град, Лагарто, нетренирајќи, туку забавувајќи се со своите другари.
Ситуацијата на Бразиелцот со Шпанско потекло секој ден станува се полоша, а тој не можеше да го скрие разочарувањето:
„Тие сакаат јас да тренирам со резервите“. – изјави Коста.
„Забрането ми е да се доближам до првиот тим и да имам контакт со некој од нив“.
„Јас не сум криминалец, мислам дека оваа не е фер“. – заврши ДИего Коста.