Јувентус нанижа уште една во низа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лесен противник повторно, и се разбира нова победа на Старата дама.

После Каљари и Џенова, овој пат пред големиот Јувентус падна и Киево, и тоа со убедливи 3:0.

Јувентус поведе уште во 17тата минута и тоа со автогол на играчот од Киево Хетемај, со што тоа беше и конечниот резултат во првиот дел од играта.

Во второто полувреме, во 59тата минута, Игуаин постигна погодок за водство од 2 спрема 0, а шлагот на тортата или конечната победа ја донесе кој друг ако не Дибала во 83тата минута од натпреварот.

Ова е третата победа од три натпревари на Јувентус оваа сезона, додека Киево на својата втора победа ќе треба да почека барем до следното коло кога игра со Аталанта.