Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот интернационалец Алваро Мората истакна дека имал понуда да направи трансфер во Манчестер Јунајтед.
Сепак, 24 годишниот фудбалер на крај се одлучил да го засили тимот на Челси откако имал долги разговори со менаџерот, Антонио Конте.
„Имав неколку понуди ова лето, не само од Челси и Манчестер Јунајтед туку и од тимови од други лиги. Тоа беше добра ситуација за мене. Најважниот разговор го имав со Антонио Конте кој сакаше да ме види во своите редови. На почетокот на летото не мислев дека Челси е заинтересиран за мене, мислев дека сакаат поинаков тип на играч, нешто како Лукаку на пример. Не сметав дека трансфер во Челси е можен за мене, но зборував со Конте неколку пати, чувствувам симпатии кон него, ме донесе во Јувентус пред да замине да биде селектор на репрезентацијата на Италија“- коментираше Мората во интервју за „Дејли мејл“.
Алваро Мората беше пред трансфер на „Олд Трафорд“ но по препирките и натегањата околу неговата трансфер сума, од таборот на „црвените ѓаволи“ се решија да го донесат играчот на Евертон, Ромелу Лукаку.