Нов пех за Стротман


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кевин Стротман заработи повреда на бутниот мускул во првото полувреме на натпреварот со Милан и поради таа повреда отпадна од комбинација за репрезентацијата на Холандија.

Холанѓаните ќе се обидат да го фатат последниот воз за Русија иако тоа нема да биде ни малку лесна мисија за репрезентацијата која на претходните два светски собири завршуваше како трета и втора репрезентација на светот.

Сепак според првичните прогнози повредата на Стротман не е сериозна и тој ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.