Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес на програмата беа реванш мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија.
Најинтересен натпревар се одигра во Тетово каде Шкендија и Работнички патникот во четврт-финалето го одлучија по изведување на пенали откако во регуларниот дел резултатот заврши 1:1. Екипата на Шкендија е конечен патник во следната фаза по подоброто изведување пенали. За „Романтичарите“ Ерера, Митрев и Тодоров не успеаја да погодат од белата точка.
Драматичен натпревар се одигра и во Струга каде домашниот тим на Струга Трим и Лум имаше предност се до 95. минута од натпреварот кога избраниците на Костов погодија за 2:2.
Академија Пандев неочекувано лесно со 5:0 славеше против Силекс, додека Пелистер без поголем проблем го победи Борец од Велес.
Резултати 1/8 финале Куп на Македонија
Шкендија– Работнички 1:1 (3:2 пенали)
Академија Пандев- Силекс 5:0
Еуромилк- Скопје 0:3
Победа: Брегалница 5:2
Борец- Пелистер 1:3
Струга Трим и Лум- Ренова 2:2