Килиан Мбапе добитник на наградата „Голден Бој“

Килијан Мбапе ја доби „Голден Бој“ наградата која се дава за најдобар млад фудбалер во светот.

Наградата се доделува на најдобриот играч под 21 година, а за неа гласаат новинари од цела Европа. Мбапе го освои признанието пред Габриел Хесус и Осман Дембеле.

18 годишниот фудбалер минатата сезона беше фантастичен во дресот на Монако, а оваа веќе има четири погодоци и четири асистенции на 11 натпревари во дресот на ПСЖ.

Мбапе убедливо ја доби наградата освојувајќи 291 глас пред второпласираниот Дембеле кој доби 149 гласа.