Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фудбалерите на Евертон го претрпеа и шестиот првенствен пораз оваа сезона. „Карамелите“ загубија на гостувањето кај Лестер со 2:0 и со само осум освоени поени остануваат во опасната зона.
За „Лисиците“ со победа дебитираше новиот тренер на клубот, Клод Пуел.
Лестер победата ја обезбеди во интервал од десет минути во првите 30 минути од натпреварот. Најпрво Џејми Варди во 18. минута го донесе домашниот клуб во водство, а веќе во 29. минута Демаре Греј го постави конечниот резултат.