Нов гол на Ашковски за Фортуна Ситард


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Стефан Ашковски продолжува со одличната форма во дресот на холандскиот второлигаш Фортуна Ситард.

Повремениот македонски репрезентативец денес беше стрелец на погодок против екипата на ФК Ос. Ашковски го постигна вториот погодок на натпреварот кој го доби Фортуна Ситард со 4:0.

Ова е вкупно петти погодок за Ашковски оваа сезона, а Фортуна  се наоѓа на третата позиција во Втората холандска лига.