Најскапиот трансфер на Барселона, се враќа на терените пред Нова Година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Осман Дембеле кој е надвор од терените од септември , би можел да се врати на терените побрзо од очекуваното.

Фудбалерот кој летото го направи најскапиот трансфер во историјата на клубот заздравува после повредата на задната ложа и би можел да заигра веќе пред Нова Година.

Барселона најави дека после операцијата Дембеле ќе настапи дури во 2018 година, но шпанскиот весник „Марка“ пишува дека поранешниот играч на Борусија Дортмунд би можел да биде во тимот кој што ќе се соочи со Реал Мадрид на 22 декември.

Од Барселона соопштија дека заздравувањето тече успешно и дека нема да го притискаат да заигра на најголемото шпанско дерби.

Репрезентативецот на Франција дебитираше за каталонскиот клуб на 9 септември, а само осум дена потоа доживеа тешка повреда во дуелот против Гетафе.