Вилшер заминува од Арсенал


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Меѓу играчите на кои им завршува договорот со Арсенал по крајот на оваа сезона е и Џек Вилшер.

Некогаш големата надеж на англискиот фудбал веројатно ќе ги напушти „топчиите“ поради фактот што е во втор план кај Арсен Венгер.

Како што пишуваат медиумите во Англија, Вилшер ќе се пресели во Шпанија и тоа во редовите на Реал Бетис.

Од таборот на Бетис веќе оствариле контакт со Англичанецот кој изразил подготвеност да се пресели на „Бенито Виљамарина“.