Роуз на излезни врати од Тотенхем, младата сензација на Фулам го менува Англичанецот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотенхем, Рајан Сесењон е првата трансфер цел за Тотенхем во јануарскиот преоден рок.

Како што дознава „Скај Спортс“, Сесењон е виден како долгорочна замена за Дени Роуз кој не е во најдобри односи со тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Англискиот репрезентативец беше изоставен од составот на втор натпревар по ред, а Покетино инсистираше дека тоа го сторил за да го заштити неговиот фитнес по враќањето на Роуз од тешката повреда на коленото.

Доколку не успеат преговорите со Рајан Сесењон „Петлите“ ќе се насочат кон играчот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо.