Официјално: Бразилец ја напушти Каталонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имаше веќе приказни дека искусниот фудбалер ќе замине од шампионот на Шпанија, а сега на се е ставено и точка.

Бразилскиот фудбалер Адријано во наредниот период ќе го носи дресот на турскиот Бешикташ.

Тоа од денес и официјално, а Барса тоа и го потврди по пат на својот официјален сајт.

Адријано од клубот заминува после 189 настапи и 16 освоени трофеи.

Шампионот на Турција за неговите услуги ќе плати само 600 илјади евра, но доколку и во наредната година играат во ЛШ на сметката на клубот од Каталонија ќе уплатат дополнителни 1.7 милиони евра.

Во текот на шест години во клубот Адријано во 17 наврати ја погодуваше мрежата на противникот, девет пати во Примера, пет во Купот на Кралот, два пати на Светското клупско првенство и еднаш во ЛШ.

Последниот гол, воедно и единствен, го постигна против Рома во групната фаза од ЛШ во минатата сезона.

Од вкупно 16 трофеи кои ги подигна во дресот на Барса четири се од Примера, три од Купот на Кралот, два од ЛШ, три од шпанскиот Суперкуп, два од УЕФА Суперкупот и два од Светското клупско првенство.