Нзонзи се враќа во Премиер Лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Севилја, Стивен Нзонзи би можел да се врати во Премиер лигата три години откако го напушти Стоук и се пресели во Шпанија.

28 годишниот фудбалер нема одиграно натпревар за Севилја откако беше заменет  на полувремето против Ливерпул минатиот месец.  Се зборува дека тој луто  заминал од стадионот без да го догледа натпреварот и од тогаш е во немилост на тренерот Берицо.

„Сан “ пренесува дека Арсенал е подготвен да издвои 35 милиони фунти за неговите услуги, но „топчиите“ ќе имаат голема конкуренција од Јувентус кој подолго време го следи Французинот.