Срцето не ми даваше да преминам во Реал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во летото 2016 година го направи Пол Погба најскап фудбалер на сите времиња во тој момент, а малку фалело Французинот да се пресели во Реал Мадрид.

Погба во изјава за „Beyond the pitch“ откри дека имало можност да се пресели во Реал Мадрид, но на крајот срцето одлучило да ја избере старата љубов.

„Да бидам искрен, Реал Мадрид сакаше да ме донесе и сериозно размислував да одам таму, но во исто време размислував и за враќање во Манчестер Јунајтед. Секогаш го чував клубот во срцето и тоа ми кажа да се вратам на ’Олд Трафорд’. Го избрав Јунајтед и не жалам. Никогаш и нема да жалам“- коментираше Погба кој како слободен играч се пресели во Јувентус и по само четири години се врати на „Олд Трафорд“ за тогаш рекордни 95 милиони фунти.

Погба е клучен играч за Манчестер Јунајтед оваа сезона, а неговите отсуства од теренот поради повреди и суспензии го покажаа тоа на дело затоа што „ѓаволите“ не се ист тим со и без него на теренот.