Мурињо сурово искрен: Сите играчи може да заминат, само еден е сигурен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед оваа сезона на резултатски план е далеку подобар од претходните сезони, но фантастичните партии на нивниот градски ривал не дозволија ова, барем до сега да се смета како успешна сезона за „ѓаволите“.

Избраниците на Жозе Мурињо се 11 бода зад „граѓаните“ и според многумина познавачи на англискиот фудбал битката за титулата е речиси готова. Сепак, од титулата не се откажуваат Мурињо и неговите играчи кои постојано го повторуваат моментот кога Сити имаше негатива од осум поени на четири кола до крајот на сезоната, а на крај стигна до првенствената титула.

Мурињо на вчерашната прес конференција запрашан кој од играчите може да замине од „Олд Трафорд“ истакна дека никој не е сигурен (освен еден) и доколку стигне вистинска понуда секој може да замине.

„Мислам дека секој играч има своја цена. Ако играчот не е среќен, ако за него дојде понуда со која ќе бидеме задоволни, како што бевме задоволни со понудите за Мемфис и Морган, јас не би рекол не. Единствен играч кој дефинитивно останува меѓу нас е Ромелу Лукаку“- истакна Мурињо.

Ваквата изјава на Мурињо верјатно треба да претставува поттик за белгискиот репрезентативец кој иако е најдобар стрелец во клубот во целост не ги исполни очекувањата на фудбалската јавност.