Манчини: Доколку ми понудат договор, сигурно нема да ги одбијам!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Роберто Манчини изјави дека не би одбил понуда да стане тренер на Италија.

Манчини моментално е тренер на Зенит, но очигледно е дека има голема желба еден ден да ја води Италија. Откако не успеаа да се пласираа на СП пред италијанците се многу промени, а меѓу останатото ќе пристигне и нов селектор.

Во игра се неколку италијански тренери, а меѓу нив е Манчини кој призна дека не би можел да ја одбие понудата на Италија ако таа дојде.

„Сигурно е дека не би одбил понуда и се сомневам дека некој тренер може да го направи тоа. Репрезентацијата е многу важна и каде и да сте тренер, едноставно не може да одбиете такви понуди. Во Русија ми оди супер и се навикнав многу брзо. Се надевам дека ќе бидеме шампиони на крајот на сезоната.“, вели Манчини.