Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Листата на најуспешни агенти во спортот се состои од луѓе за кои никогаш не сте слушнале, а еден од нив е Фернандо Феличевиќ, агент од Чиле.
Кога ќе ги погледнете „неговите“ фудбалери, ќе видите дека на листата се Санчез, Видал, Медел, Браво, Арангуиз…
Знаете ли колку пари ќе земе од трансферот на Санчез во Јунајтед?
Скоро 17 милиони евра, односно 15 милиони фунти.
Феличевиќ е еден од образованите агенти, вистински бизнисмен кој знае многу јазици и кој има голем број успешни соработки со луѓе во целиот свет. Има завршено мастер студија на насоката Маркетинг во Париз, уште во 2002 година.
Тој е неверојатен преговарач, а успеа да земе 43% од 35 милиони фунти колку што ќе изнесува трансферот на Санчез.