Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Реал е јасно дека ќе се фокусираат на одбрана на титулата во ЛШ затоа што не постои никаква шанса да ја одбранат титулата во Ла Лига. Поради тоа тие го анализираат натпреварот кој им следува со ПСЖ.
Остануваа уште три недели до натпреварот, а веќе се зборува за првата средба и недостатоци кои ги има ПСЖ и кои треба да ги искористи Реал Мадрид.
Во продолжение ви ги претставуваме:
1. Голман
ПСЖ бара голман и тоа не е тајна. Едноставно ниту Ареола, ниту Трап не ги задоволуваат апетитите на клубот. Ареола имаше 34 одбрани и прими 16 голови, не се многу, но сепак не е доволно.
2. ПСЖ има проблеми од прекини
Ова е доказано со бројки. Станува збор за тим кој прима најмногу голови по центаршут, пет од корнер, два од слободен, два од пенал и еден по скратен корнер.
3. Премногу зависат од Нејмар
Ниту ова не е без логика. Кавани, Нејмар и Мбапе постигнаа околу 60% од головите во оваа сезона, но Бразилецот има и 16 асистенции, па учествувал во 40 од головите.
4. Немаат замена за Мота
Мота е повреден, па Емери најверојатно ќе се обиде да го врати Верати на таа позиција, но ќе видиме дали има ефект.
5. Атмосферата во тимот
Таа е лоша и тоа не е тајна. Емери знае дека ќе замине ако не ја освои ЛШ, караницата помеѓу Кавани и Нејмар е уште активна, Мбапе го „боли глава“ од се. Има уште една караница помеѓу Пасторе и Силва кога Бразилецот изјави дека „Ел Флако“ сака да замине, па овој му се налути дека кажува лаги.
6. ПСЖ е тим кој игра премногу напаѓачки
Реал знае тоа да го искористи, бековите напаѓаат цело време. Алвеш е играч кој е подобар на противничката половина, а кога го нема Мота, дупката на средината е голема. На никој не му е јасно зошто го пуштија Матуиди затоа што сега немаат дефанзивен играч за врска за да ја покрие таа позиција.