ПСЖ го декласира шампионот на Англија


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ убедливо со 4:0 го совладаа Лестер во пријателски натпревар.

ПСЖ до водство стигна во 26-та минута кога Кавани погоди од пенал. До крајот на првото полувреме парижаните уште еднаш ја затресија мрежата, а стрелец беше Иконе. Иако Унаи Емери направи многу измени во второто полувреме, тоа не ја поремети играта на неговата екипа.

Во 64-та минута на 3:0 зголеми Лукас на асистенција на Максвел, а конечните 4:0 ги постави Едуард после асистенцијата на Калигури.