До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ова би било решението за се, но последениот збор ќе го имаат играчите. Дали е реално, Јунајтед би земал пари и две решенија за чувствителните позиции.
Флорентино Перез не се откажува, па ќе се обиде да го донесе Де Геа. Реал Мадрид ќе понуди пари за него, како и Навас и Ковачиќ.
Перез смета дека Јунајтед може да ја прифати понудата, а Ковачиќ би бил идеална замена за Керик.
Што се однесува до Навас, него само неколку минути го делеа од размена со Де Геа во 2015 година, но на крајот пропадна трансферот во една минута до 12.
Де Геа потпиша нов договор со Јунајтед, но се зборува дека сака да се врати во Шпанија и дека е под голем притисок на семејството и девојката да замине од Англија.
„Дон Балон“ најавува големи промени, Зидан не го сака Кепа, во Навас нема доверба, па Реал сигурно ќе донесе голман, а Куртоа исто така останува нивна желба.









