Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
ПСЖ сака да го продаде „Ел Флако“, како и Лукас Мура, а јасно е дека се под притисок на ФФП, но проблем е тоа што клубовите кои се заинтересирани за нив, ги сакаат на позајмица.
Аргентинецот очигледно се договори со Интер, а неговиот агент Симонијан најде заеднички јазик.
Сепак, тие нудат Пасторе да дојде на позајмица, со право на откуп.
Тоа на ПСЖ ништо не му значи, потребно е да продава фудбалери и да бара осигуран откуп, на кој Интер не се согласува.
На прв поглед, Интер се обидува да ги реши проблемите со Жоао Марио и Габигол, две промашувања кои ги чинеа 70 милиони евра.
Се чека финишот на преодниот рок, а наскоро ќе се знае конечниот епилог.









