До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави по дебито на Алексис Санчез дека Чилеанецот ќе му даде нов карактер на нападот на „ѓаволите“.
Поранешниот играч на Арсенла, Санчез одигра 72 минути во победата од 4:0 против Јеовил во четврто коло од ФА купот, а зборовите на Мурињо по натпреварот покажаа каков меч имаше 29-годишниот играч.
„Фантастично засилување. Ни донесе квалитет и искуство. Неговиот потег при вториот гол е нешто што играчи како Маркус Рашфрод не може да го направат“, вели Португалецот.
Јасно е дека со доаѓањето на Санчез, Рашфорд и останатите крилни играчи ќе добијат голема конкуренција за место во тимот, но Мурињо не гледа проблем во тоа.
„Добрите играчи сакаат уште подобри соиграчи, па секогаш се поставува прашањето кој од нив нема да игра во тимот“, додава Мурињо.








