Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид во дербито од 21 коло на шпанската Примера како гости го победија тимот од „Местаља“, Валенсија и така стигнаа до две победи по ред, а нивниот најдобар фудбалер постави нов рекорд.
„Кралскиот клуб“ по шокантното испаѓање од кралскиот куп од Леганес успеа да дојде до многу важна победа на гостувањето против Валенсија, а најголема заслуга за победата има Португалецот Роналдо, кој постигна два голови од пенал.
Така тој стана играч, кој има најмногу пенали изведено во историјата на Примера. Роналдо во дресот на Реал во Шпанија изведе 72 пенали и промаши 12 пенали.