Зидан: Бензема е лут? Не е важно


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не дава важност на бурната реакција на Карим Бензема, кој во 78 минута во дуелот со Валенсија, мораше да замине на клупата.

Французинот наместо својот сонародник на теренот го испрати одличниот Марко Асенсио, кој му асистирашена Марсело за третиот гол на „кралскиот клуб“.

Менаџерот на „кралевите“, Зидан по победата на „Местаља“ изјави дека нема проблеми со Бензема.

„Сите играчи се лути кога ќе ги замените, но тоа не е важно. Најважен е резултатот. И Карим е задоволен со победата, како и сите ние“, изјави тој.