Челси е на потег, Џеко не се откажува од своите барања!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Босанскиот напаѓач Един Џеко и понатаму се наоѓа во центар на внимание поради потенцијалниот трансфер од Рома во актуелниот англиски шампион, Челси.

Челси покажа голем интерес за Џеко и тренерот на „Сините“, Конте не крие дека сака да го види во својот тим, но постои еден проблем.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо утрово објави дека преговорите се` уште траат. Наводно, Џеко поставил нови услови до Челси и кажал дека сака 5.5 милиони евра годишна плата плус бонуси, како и договор до 2021 година.

Останува да видиме дали Челси ќе се согласи со овие барања.