Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси игра одлично во дресот на каталонскиот гигант Барселона и по се изгледа дека е повторно „гладен“ за нови трофеи.
Еден од најдобрите фудбалери во светот во Барселона е веќе 14 сезона и освои скоро 30 трофеи. Јасно е дека Аргентинецот е клуч на каталонскиот клуб, а тоа го призна и Жерар Пике.
„Меси е клуч на оваа генерација на Барселона, а ние само го следиме. Ако некој е заслужен за големиот број трофеи во последните 10 години, тогаш тоа е Лео. Даваме се од себе за да му помогнеме затоа што тој сака екипата да се бори на секој фронт“, вели дефанзивецот на Каталонците.
Барселона во моментов е првопласирана во Ла Лига и има дури 19 бодови повеќе од актуелниот шампион Реал Мадрид. Каталонците во четврток ги очекува дуел против Валенсија во полуфинале на кралскиот куп, а на средината на февруари ќе игра во ЛШ против Челси.