Се прави нова сила во ПЛ: Прво Деулофеу, па сега пристигнува и Видал!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Премиерлигашот Вотфорд официјално го претстави Жерар Деулофеу, кој пристигнува од Барселона, но тоа не е се.

Според шпанските медиуми, Вотфорд е подготвен да донесе уште еден играч на Барселона, а станува збор за Алеиш Видал.

Наводно, Вотфорд го сака на позајмица до крајот на сезоната, а новиот менаџер Хави Гарсија смета дека десната страна би била одлична ако пристигне тој.

Желбата на Видал беше Рома, но Барселона премногу бараше, па наводно сега останува уште опцијата за позајмица.