Конте заминува од Челси, а на негово место доаѓа тренерот на Наполи?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шампионот на Премиер лигата, Челси го одбрал тренерот на Наполи, Маурисио Сари како идеална замена за Антонио Конте, пренесуваат медиумите. Наводно, Роман Абрамович е подготвен да плати осум милиони евра за овој трансфер.

И покрај инсистирањето на Конте дека има уште 18 месеци од договорот, често се зборуваше дека нема да остане долго во Лондон.

Исто така, раководството на Челси е незадоволно со јавните говори на Конте за трансфер политиката на клубот.

Во договорот на Сари постои клаузула, која дозволува било кој клуб да го откупи за осум милиони евра до 31 мај.

Наполи во Серија А се наоѓа на прво место со 18 победи, три реми и еден пораз во оваа сезона.