Цената на Бејл се знае, но има еден проблем!

Реал Мадрид ќе го продаде Герет Бејл, но ако некој понуди 90 милиони евра, тврдат медиумите од Шпанија.

Проблеми за Велшанецот се честите повреди, но кога тој е здрав, игра важна улога во Реал Мадрид.

Се зборува дека Бензема и Бејл би можеле да заминат, а дека заинтересирана страна е Манчестер Јунајтед.

Но за ваков расплет има малку шанси затоа што Мурињо повеќе не е заинтересиран за офанзивни играчи, а исто така Јунајтед нема да плати повеќе од 60 милиони евра за Бејл.

Освен Јунајтед, како потенцијален клуб за него се споменуваше и ПСЖ, но во игра се и Челси и Тотенхем.