Селекторот на Алжир: Марез заслужува да игра во поголем клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Алжир, Рабах Мадјер изјави дека Ријад Марез заслужува да игра во подобар клуб од Лестер.

Јануарскиот преоден рок за Марез беше пеколен. За услугите на Алжирецот интерес покажаа неколку гиганти, а најмногу Манчестер Сити, но до трансфер не дојде затоа што Лестер бараше премногу пари.

„Марез моментално заслужува подобро од Лестер, но не смееме да заборавиме дека тој клуб го изнесе на вистински пат. Потребни се сериозни разговори со управата. Тој сака да замине во поголем клуб, но јас го советувам да тренира напорно иако трансферот не се реализираше“, изјави Мадјер.