Гаја или Дармијан во Јуве на лето?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус наводно сака да доведе еден од овие двајца играчи во летниот преоден рок, се работи за Хосе Луис Гаја или Матео Дармијан.

Како што пренесува Тутоспорт, Лихштајнер и Асамоа би можеле да си одат, а Алекс Сандро би можел да биде мета на некој од клубовите во Премиер лигата.

Спинаѕола ќе се врати во Аталанта, но Тутоспорт очекува од Јувентус да доведе бар еден одбранбен играч.

Дармијан е на врвот на листата, бидејќи е италијанец и може да игра и на двете страни.

Медиумите тврдат дека Јунајтед нема да побара повеќе од 20 милиони, колку што платија на Торино во 2015. година за него.

Гаја сепак би чинел од 25-30 милиони евра, но предност е тоа што е 6 години помлад од Дармијан.