Гамеиро во нови бои


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Довчерашниот фудбалер на Севиља, е претставен во просториите на својот нов клуб.

Нападот на Атлетико Мадрид од наредната сезона ќе биде посилен за францускиот напаѓач Кевин Гамеиро.

Тоа е веќе познат факт, а него во Андалузија ќе го замени токму фудбаллерот на Јорганџиите Лучијано Вието.

Гамеиро на Калдерон доаѓа после одличната сезона на Санчез Писхуан, каде што постигна 25 голови во сите натпреварувања.

Неговиот трансфер во Атлетико според наводите на специјализираниот сајт „transfermarkt.com“, беше “тежок“ 32 милиони евра.

„Сакам да се заблагодарам на претседателот и навивачите на вакво топло добредојде. Знам дека добро ќе поминам и се надевам дека ќе донесам титула во овој клуб“, рече поранешниот напаѓач на Стразбург, Лориен, ПСЖ и Севиља.

Во продолжението погледнете ги фотографиите од претставувањето на малиот Французин во Атлетико Мадрид.