Мурињо не го сака повеќе, Роналдо нема да се врати во Манчестер?!

Новиот договор на Жозе Мурињо со Манчестер јунајтед, ги „уништи“ сите можности на Кристијано Роналдо да се врати во својот поранешен клуб.

„Ле10Спорт“ пишува дека Роналдо не е среќен во Мадрид и сака да замине летово, доколку Реал Мадрид не му понуди нов договор.

Но Роналдо нема да се врати на „Олд Трафорд“, зашто не сака да работи повторно со Мурињо.