Враќање на Лука Модриќ во Премиер лигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси е сигурно дека искусниот играч на Реал Мадрид ќе го напушти тимот во летниот преоден рок. Неговата нова дестинација можно е да биде Манчестер Јунајтед, кој покажа сериозен интерес за неговите услуги.

Модриќ отсекогаш беше желба на Црвените ѓаволи. Беше многу близу до доаѓање во 2012. година кога го носеше дресот на Тотенхем, но на крајот се одлучи да го облече дресот на Реал и не погреши во тоа.

Сјајниот фудбалер во дресот на Кралскиот клуб стана еден од најдобрите играчи на неговата позиција и ги освои сите можни трофеи со овој клуб.

Сепак, после шест години се чини дека дојде време за разделба. Јунајтед ќе направи се за да го доведе на Олд Трафорд.

Модруќ за Реал има настапено на 244 натпревари и има постигнато 13 голови и 35 асистенции.