Официјално: Караско и Гаитан направија трансфер во Кина


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско и Николас Гаитан ставија потпис на договор со новиот кинески прволигаш, Далина Јифанг.

Белгискиот интернационалец во Атлетико одигра 124 натпревари и постигна 40 погодоци во дресот на „јорганџиите“. За него интерес постоеше дури и од Арсенал, но тој неочекувано се одлучи да потпише договор со кинескиот тим на само четири месеци до Светското првенство во Русија.

Нико Гаитан добиваше далеку помала минутажа на теренеот од Симеоне и логичен е неговиот трансфер во Далиан Јифанг. Сепак малку зачудува фактот што Аргентинецот одби неколку сосема солидни финансиски понуди од англиската Премиер лига оваа зима, а сега ќе се натпреварува во далеку послаба лига по квалитет, но веројатно ќе заработува многу повеќе во тимот на Далиан.