До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Скај Спортс“ дознава дека Челси и Манчестер Јунајтед се вклучуваат во трката за потписот на Роберт Левандовски.
Полскиот интернационалец сака да си замине од редовите на Баерн Минхен, а за таа цел ангажираше и нов претставник во името на Пини Захави.
Сепак, од Баерн Минхен одбиваат да го пуштат играчот да си замине од клубот, па Полјакот ќе чека финално одобрение од „баварците“ пред официјално да стапи во контакт со тимовите кои го посакуваат.
Покрај англиските гиганти за него интерес постои и од Реал Мадрид и од ПСЖ.















