До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Мејл он Сандеј“ пишува дека од таборот на Арсенал се подготвени да го продадат Арон Ремзи со цел да избегнат можност и да го изгубат играчот како слободен агент наредната година.
Договорот на играчот од средниот ред истекува во 2019 година, а нов договор не е на повидок. Затоа „топчиите“ се одлучиле да ги слушнат понудите кои ќе стигнат на нивна адреса за велшкиот репрезентативец и да ја прифатат најдобрата.
Инаку во медиумите во Англија излегоа приказни дека Ремзи јавно зборувал против Арсен Венгер на состаноците кои ги одржувале заедно со своите соиграчи.
Арон Ремзи е член на Арсенал веќе десет години, а во последните неколку сезони се покажа како еден од најдобрите играчи на Венгер.
Оваа година Ремзи зад своето име има запишано 21 настап во дресот на „топчиите“ на кои постигнал шест погодоци и осум асистенции.















