Сити продолжува да гази, Арсенал поразен од Брајтон


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Сити славеше во дербито на 29. коло во Премиер лигата откако со 1:0 го порази тимот на Челси.

Сега веќе извесно новиот шампион на Англија го контролираше натпреварот од првата минута и се остави впечаток дека Челси немаше да постигне гол и да се играа уште 90 минути.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Бернардно Силва во 47. минута по асистенција на Давид Силва.

Продолжува агонијата и за Арсенал кој претрпе пораз од Брајтон на гостински терен (2:1). Иако „топчиите“ беа фаворити на оваа средба не успеаја да ја оправдаат таа улога и со наведнати глави го напуштија „Експрес комјунити“ стадионот.

Со овој пораз Арсенал е на огромни 13 бодови од местото кое води во Лигата на шампионите што значи дека „топчиите“ веројатно втора сезона по ред нема да учествуваат во најелитното европско натпреварување.