Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Фиорентина Давиде Астори почина во неделата во хотел во Удине пред натпреварот со клубот од овој град.
По страшната трагедија откриено е дека Астори кој пред две недели за прв пат стана татко во вторник требаше да потпише доживотен договор со Фиорентина.
Во јавноста излегоа информации дека причина за смртта е срцев удар, но се повеќе италијански медиуми го негираат тоа.
Италијанскиот медиум „РАИ“ пренесува дека мозочен удар е причината за смртта на 31 годишниот капитен на Фиорентина.
Веста за смртта на Астори го погоди целиот фудбалски свет, а до неговото семејство пристигнуваат пораки со сочувство од речиси сите големи фудбалски имиња.