Навивачите на Јунајтед воодушевени од прославата на Лукаку по голот на Матиќ (видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед синоќа славеше голема победа со пресврт на гостувањето на „Селхрст Парк“ против Кристал Палас со 3:2.

„Ѓаволите“ во последните моменти од средбата стигнаа до победа преку фантастичниот гол на Немања Матиќ.

Навивачите на Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи ја забележаа прославата на Ромелу Лукаку по голот и тоа ги воодушеви.

И претходно Лукаку имаше слична прослава кога голот кој го постигна Џеси Лингард против Челси го прослави со многу емоции.