ПСЖ ќе го брка Емери, познат неговиот наследник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Франција, од таборот на Пари Сен Жермен се одлучиле по крајот на сезоната да му врачат отказ на Унаи Емери и покрај фактот што Шпанецот многу веројатно ќе му донесе домашна титула на тимот.

Ваквиот чекор ќе биде преземен по елиминацијата на клубот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. ПСЖ потроши најмногу пари во историјата на еден трансфер период но и тоа не донесе посакувани резултати.

Затоа, претседателот Ал Келафи одлучил да му врачи отказ на Емери, а за негов наследник го планира поранешниот играч на ПСЖ и сегашен тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Покетино и Тотенхем исто така испаднаа од Јувентус во Лигата на шампионите, но тие ни од далеку не беа фаворити на таа средба,  а успеаја да го намачат гигантот од Торино.