Нејмар постави услов за да остане во ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Унаи Емери веројатно ќе ја освои титулата во Франција, не ја исполни главната цел освојување на Лигата на шампионите и по крајот на сезоната ќе ја заврши соработката со парижаните.

Многу имиња се поврзуваат со преземање на ПСЖ, а меѓу нив како најсериозни кандидати се издвојуваат Антонио Конте, Луис нрике, Карло Анчелоти…Но, првата ѕвезда на клубот, Нејмар посакува друг тренер да го води клубот следната сезона.

Бразилецот на раководството му  предложил да го ангажираат актуелниот селектор на Бразил со кој Нејмар е во одлични односи, Тите.

Наводно најскапиот фудбалер во светот ќе ги искористи шпекулациите за негово заминување од клубот за да го донесе Тите на клупата на „светците“.

Сепак, од Бразилската фудбалска федерација нема лесно да се откажат од Тите со кој репрезентацијата на Бразил игра одличен фудбал и планираат да му понудат нов договор до 2022 година.